Дома Останати Тенис Најбизарно прекинување на меч досега? Тенисерот славеше пробив, го нокаутираше противникот (Видео)

Најбизарно прекинување на меч досега? Тенисерот славеше пробив, го нокаутираше противникот (Видео)

Белгиската тениска репрезентација се пласираше во 2. коло на Дејвис Купот по бизарното прекинување на мечот, за време на кое чилеанскиот тенисер Кристијан Гарин беше случајно удрен поради што одби да продолжи да игра.

Бергс не гледаше што прави за време на прославата и не го виде Гарин пред себе. Следеше контакт после кој чилеанскиот тенисер падна. Белгискиот тенисер веднаш се извини, а на чилеанскиот му беше пружена помош по која беше заклучено дека може да продолжи да игра.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Бергс направи важен пробив и требаше да сервира за предност од 2:1 во сетови кога за време на прославата на поенот случајно со рамо го удри ривалот. Тоа се случи кај мрежата кога играчите тргнаа кон клупите.

Чилеанската репрезентација бараше дисквалификација на Берґс. Наместо тоа, Гарин доби три казни за прекршување на времето, што доведе до губење на гемот, а потоа и на сетот и на мечот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонија експресно ја „реши“ Ерменија и се пласираше во ранг погоре во Дејвис купот!

Калин Ивановски беше доминантен на теренот и со убедлива победа над Микајел Аветисјан ѝ до…