Според шпанските медиуми, поточно „Мундо Депортиво“ Нејмар веќе се кае за својата одлука да ја напушти Барселона и да премине во редовите на Пари Сен Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што наведува „Мундо Депортиво“ Нејмар се кае за потегот минатото лето со кој сакаше да излезе од сенката на Меси и сега е спремен да се врати во Барселона.
Но, прашање е колку сега Барселона е расположена да го врати во Нејмар. Прво, Барселона не би можела или не би сакал да вложи огромна сума во неговото враќање, освен тоа познат е и конфликтот на Бразилецот со раководството на клубот.
Покрај тоа Каталонците сега се насочени кон доведување на Гризман, веќе пристигна Кутињо, а ќе направат се за Осман Дембеле да се развива на вистински начин.
Многумина веруваат дека доколку Нејмар заминува единствена опција за Бразилецот е Реал Мадрид.
Сепак и Реал не би сакал да ризикува со огромната сума на само еден играч. Наводно, ПСЖ би го продал Нејмар за сума од 400 милиони евра, што е премногу дури и за Флорентино Перез.
Поради сето ова многу веројатно е дека Нејмар колку и да сака или се кае ова лето ќе остане без трансфер.