Дома Фудбал Франција Mбапе не е омилен во Париз: Во изборот за капитен само еден играч на ПСЖ гласал за него

Mбапе не е омилен во Париз: Во изборот за капитен само еден играч на ПСЖ гласал за него

Иако можеше, сепак Луис Енрике одби да ја искористи можноста тој да го именува новиот тренер на Пари Сен Жермен и одлучи соблекувалната да гласа.

Во гласањето најмногу гласови добил Бразилецот, Маркињос кој ќе остане лидер на соблекувалната, а покрај него имало гласови за уште тројца фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите на „Радио Монте Карло“, Данило Переира бил зад Маркињос, потоа Преснел Кимпембе на третото место.

Килијан Мбапе од соиграчите добил само еден глас и тоа од својот добар пријател, Мароканецот, Ашраф Хакими. Така францускиот голгетер сезонава ќе биде дури четврти избор за капитен.

Очигледно поради случувањата надвор од теренот и веројатно неговото заминување идното лето Мбапе и не е така омилен помеѓу своите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…