Дома Фудбал Мурињо ја засилува одбраната со фудбалер од ПСЖ (Фото)

Мурињо ја засилува одбраната со фудбалер од ПСЖ (Фото)

Жозе Мурињо сака да ја засили својата одбрана, а решението го пронајде во искусен стопер од Париз Сен Жермен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Остануваат уште неколку дена до крајот на трансфер периодот во европските лиги, а една зделка е пред самиот договор.

Жозе Мурињо не е задоволен со својата одбрана, па затоа одлучи да го донесе искусниот словак Милан Шкриниар.

Шкриниар во 2023 година пристигна во Париз Сен Жермен и потпиша долгорочен договор до 2028 година, но во последно време Луис Енрике не смета сериозно на него.

Време е да се промени средината, а Фабрицио Романо наведува дека нема да има проблеми со лекарскиот преглед.

Единствено што се чека е ПСЖ, тоа значи дека треба да се „ослободат“ од еден играч кој е веќе на позајмица – за да се отвори место за позајмица на искусниот дефанзивец.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…