
Португалскиот стратег Жозе Мурињо синоќа ја предводеше Бенфика од клупата во дуелот против својот поранешен клуб Реал Мадрид, но нема да го гледаме на реваншот бидејќи беше исклучен.
Бенфика жестоко се бореше против Реал и во доста изедначен натпревар сепак изгуби со 1:0, што им дава предност на Кралевите пред реваншот во Мадрид, каде ќе се води клучната битка за осминафиналето во Лигата на шампионите.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Голот на одлука го постигна Винисиус Жуниор, а токму Бразилецот предизвика скандал бидејќи по голот ги провоцираше домашните играчи и навивачи. Со расистички извици го навредуваа, дури и еден од фудбалерите на Бенфика, а својот коментар после натпреварот го даде и Мурињо.
Повторно Жозе чувствуваше дека тој и неговиот тим беа оштетени и дека судијата не ја врши добро својата работа.
„Судијата имаше ливче на кое пишуваше дека Чуамени, Хујсен, Карерас не смеат да добијат жолт картон. Совршено добро знаеше на кого смее, а на кого не смее да даде жолт картон. Имам водено 1.400 натпревари од клупа и тој тоа совршено добро го знаеше”, рече Мурињо.