
Жозе Мурињо со хумор изјави дека бил „загрижен“ дека Интер може да освои тројна круна оваа сезона и откри зошто не сакал Симоне Инѕаги и неговите играчи да ги освојата сите три големи трофеи во сезоната 2024/25. Португалецот останува последниот тренер што ја освои Лигата на шампионите со италијански клуб, кога во сезоната 2009/10, со Интер го совлада Баерн во финалето на Сантијаго Бернабеу.
Мурињо е исто така единствениот тренер што постигнал тројна круна со италијански клуб – италијанската лига, Купот на Италија и Лигата на шампионите. Во интервју за Sky Sports, шеговито изјави дека не сакал Интер да го повтори тоа. Сега, кога титулата од италијанското првенство отиде кај Наполи, а Купот го освои Болоња, Мурињо се надева на успех на Интер во финалето на Лигата на шампионите.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Дополнително, рече дека би бил среќен ако и ПСЖ под водство на Луис Енрике го освои трофејот, поради работата што шпанецот ја завршил во Париз. “Ќе бидам малку несташен, но и многу искрен. Јас бев загрижен дека би можеле да освојат тројна круна затоа што тоа е моја работа – тројната круна ми припаѓа мене”, изјави Мурињо за Sky.
“Но, сега кога ги загубија титулата во првенството и купот на Италија, би сакал да ја освојат Лигата на шампионите. Секако, Луис Енрике одлично работи во Париз. Тимот го трансформираше, иако го загубија, да кажеме, најдобриот играч, но изградени се одново на фантастичен начин. Така што, ако Луис победи, ќе ми биде драго и поради него.”