Дома Фудбал Мурињо добива “шут карта”, но нема да се откаже од богатството

Мурињо добива “шут карта”, но нема да се откаже од богатството

Тренерот на фудбалерите на Фенербахче Жозе Мурињо лесно би можел да го напушти овој клуб ова лето, пишуваат турските медиуми.

Не се прослави Фенербахче во завршницата на оваа сезона, а дополнително беа и понижени од испишаниот Хатајспор со пораз од 4:2. Притисокот е уште поголем, односно Жозе Мурињо наводно повеќе нема кредити и трпението исчезнува. Наводно, Португалецот последните недели добива критики и во внатрешни кругови за изборот на тимот и водењето на екипата, како и во медиумите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Турскиот “Фанатик” пишува дека разделбата е неизбежна, но најголемата пречка е отштетата во договорот на искусниот стручњак. Имено, клаузулата која ја има во договорот со Фенербахче вели дека во случај на отказ му следуваат 14.000.000 евра и тој од тоа нема да се откаже, а претседателот Али Коч не е спремен да му исплати сѐ. Затоа се бара решение.

Исто така, веќе се лицитира со имињата кои би можеле да го наследат, а се дознава дека на списокот на Фенер е поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Един Терзиќ. Фенер сака по секоја цена да седне на преговарачка маса со човекот кој минатата година ја доведе Борусија до финалето на Лигата на шампионите, но пред сѐ мора да ја затворат страницата која ја испиша Мурињо.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике збесна и го грабна Педро за врат, а потоа го удри во лице (Видео)

Челси ја комплетираше својата блескава кампања со убедлива победа од 3-0 против ПСЖ во фин…