
Жозе Мурињо има многу искуство во својата тренерска кариера. На големата сцена е веќе 25 години и е значаен фактор за избор на најдобриот играч на сите времиња.
Во очите на љубителите на фудбалот, особено помладите генерации, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се сметаат за најдобрите во историјата на фудбалската игра.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Ако се земат предвид успесите на теренот, траењето на кариерите, популарноста и чистиот играчки квалитет, Португалецот и Аргентинецот секако имаат аргументи на своја страна.
Сепак, Мурињо има малку поинакво мислење и смета дека еден човек е подобар од Кристијано и Меси, а познатиот стручњак го сретнал уште пред речиси три децении.
Тоа беше во времето кога популарниот Специјален ја вршеше функцијата на преведувач и асистент во Барселона, прво на Боби Робсон, а потоа и на Луј ван Гал.
Станува збор, секако, за познатиот Роналдо Назарио, за кого Мурињо изјави дека по прашање на самиот талент е многу пред сите други.
“Кристијано Роналдо и Меси имаа најдолги кариери, беа на врвот секој ден во текот на 15 години, но ако зборуваме строго за талент и вештина, никој не е подобар од Бразилецот Роналдо.”
“Кога го видов во Барселона, сфатив дека тој е најдобриот играч што некогаш сум го видел.”
“Повредите ја уништија кариерата која можеше да биде уште поневеројатна, но талентот што го имаше тој момче беше нешто невидено”, рече Мурињо.