Фудбалерите на Фенербахче претрпеа пораз во натпреварот против Ренџерс.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фудбалерите на Жозе Мурињо во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа загубија од тимот на Глазгов Ренџерс на свој терен со резултат 3:1.
По натпреварот, стратегот на Фенер Жозе Мурињо се појави пред новинарите на прес-конференција и со една реакција многумина изненади.
Додека слушаше прашање кое беше долготрајно, познатиот Португалец почна да ги затвора очите и да се преправа дека спие.
Многумина се изненадија од оваа реакција на Мурињо, видеото стана вирално на социјалните мрежи, а како изгледаше тоа, погледнете го приложеното видео:
😴💤 José Mourinho didn’t like that long question 😁 @BeanymanSports 🎥 pic.twitter.com/YSGuy4xDqD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 6, 2025