Фудбалерите на Фенербахче беа елиминирани од Ренџерс од Лига Европа. Тимот од Глазгов победи со 4:3 по изведувањето на пеналите. Незадоволство поради судењето изрази тренерот на турскиот гигант, Жозе Мурињо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалскиот стручњак смета дека главниот судија, Норвежанецот Еспен Ескас, пропушти да досуди дури три пенала за неговиот тим.
„Мислам дека ВАР судијата нема да има проблеми со спиењето. Ќе вечера мирно и ќе легне да спие, но на нас ни го уништи сонот. Бевме третирани неправедно. Се гордеам со моите играчи, заслужуваат почит од цела Турција затоа што бевме единствените претставници на таа земја во европските натпревари – рече Мурињо.
Ренџерс во четвртфиналето на Лига Европа ќе игра против Атлетик Билбао.