Дома Останати Ракомет Mукаетов испрати јасна порака до ЕХФ!

Mукаетов испрати јасна порака до ЕХФ!

Алкалоид вчера не го одигра финалето против АЕК од ЕХФ Европскиот куп откако гостите не се појавија на теренот.

Денеска порака до ЕХФ испрати и првиот човек на клубот од Автокоманда, Живко Мукаетов

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Уште еднаш ја изразуваме нашата БЛАГОДАРНОСТ што ни дадовте безрезервна поддршка и што во голем број дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ на финалниот меч од Европската лига на ЕХФ. Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување. Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот. Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина“, објави Алкалоид

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…