Дома Останати Mozzart во центарот на Скопје ја продолжи акцијата за помош на здравствените установи

Mozzart во центарот на Скопје ја продолжи акцијата за помош на здравствените установи

Тетово, Битола, Штип, Скопје… Низата од донации во различни градови кои компанија Mozzart ги упати кон здравствениот систем во Македонија, и тоа не само во борба против корона вирусот, продолжува со посета во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски”, на скопјани повеќе позната како Градска болница.

На оваа установа ѝ беше потребна помош во опремување на просториите во вид на рол завеси поставени низ болничките соби. На самиот влез од Клиниката, името на компанија Mozzart најде место на таблата со останатите донатори, а лекарите порачаа дека периодот на епидемија е вистински момент компаниите да го покажат своето општествено одговорно срце.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голема благодарност до компанија Mozzart која позитивно одговори на нашето барање и помогна во обновување на дел од клиниката и условите во кои престојуваат нашите пациенти. Искрено се надевам дека што повеќе компании ќе го следат овој пример и како општествено одговорни компании ќе помогнат онаму каде што е најмногу потребно“. – изјави медицинскиот директор на клиниката, Д-р. Љубен Арсенков.

На оваа тема говореа и од компанијата Mozzart.

„Покрај редовните донации со кои се обидуваме да ги поддржиме докторите и пациентите во борба против корона вирусот, изминатиот период издвоивме средства и за нов автомобил кој беше доделен на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Од установата тогаш рекоа дека ќе им биде многу олеснета работата со оваа донација, а ние се трудиме секогаш да ги сослушаме потребите на здравствените работници и да помогнеме кога и да сме во можност. И ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски” Скопје ја препозна Mozzart како компанија која брзо реагира и упатува донации таму каде што е најпотребно, а ние ја продолжуваме нашата мисија и во други краеви од државата.“ – нагласи Ивана Ололовска од компанија Mozzart.

Уште од првите случаи на корона вирус во нашата држава, Mozzart акцент во хуманитарната работа стави на здравството. Во претходниот период донирани се лекови и медицински материјал за болницата во Штип, ЕКГ апарати за болницата во Битола, а Mozzart во целост ги опреми просториите за имунизација против корона вирусот, како и дел од просториите за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Тетово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатниот Дуплантис по осми пат си го сруши сопствениот рекорд

Неверојатниот Арманд Дуплантис неколку години наназад ги поместува границите во светската …