Дома Останати Mozzart со поддршка за Инфинити Лајф-КС

Mozzart со поддршка за Инфинити Лајф-КС

Изминатиот месец се одбележа Светскиот ден за борба против ракот, а во фокусот се најде приказната на Сашка Кузманова, 33-годишната девојка од Кавадарци која изработува перики од природно влакно и им ги донира на онколошките пациенти. Оваа хуманитарна акција ја спои Кузманова, која е основач на „Инфинити Лајф КС“, со компанијата Mozzart, која како општествено одговорна компанија реши да ја поддржи акцијата со финансиска поддршка, со цел изработка на перики.

Најлошата болест на денешницата – канцерот – била главната причина за Кузманова да почне да се бави со изработката на периките. Нејзината желба да им се помогне на овие пациенти во текот на тешкиот период била пресудна. Инаку, пред да почне да ги изработува периките, девојката учествуваше и во повеќе други хуманитарни акции. Mozzart редовно ги поддржува хуманитарните акции ширум Македонија, па така застана и зад оваа приказна на младата кавадарчанка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Долги години се занимавам со хуманитарна работа, секојдневното запознавање со личности кои што боледуваат од најлошата болест, тоа е канцерот, ми даде причина да размислувам како можам да им помогнам. Сакам да испратам јавна благодарност до компанијата Mozzart затоа што застана зад целата оваа акција преку која целта е да се изнудат што е можно повеќе насмевки. Нема ништо подобро од исполнето срце и насмевка. Тоа го полни срцето и го исполнува денот. Ме радува што заедно сме сплотени и подаваме рака на некому на кого таа му е потребна и уште еднаш, голем поздрав и благодарност до компанијата Mozzart за поддршката.“, изјави Кузманова.

Од менаџментот на Mozzart истакнаа дека како општествено одговорна компанија секогаш ќе ги поддржуваат овие акции.

Mozzart како општествено одговорна компанија секогаш ги поддржува акциите ширум Македонија и секогаш подава рака онаму каде што е најпотребно. Како регионален лидер во приредувањето на игри на среќа, застанавме зад оваа акција на Сашка Кузманова, за која веруваме дека им го олеснува процесот на борбата со ракот. Навистина ни се допадна нејзината идеја која несебично ја поддржавме и се надеваме дека ќе изнуди што е можно повеќе насмевки во иднина“, велат од менаџментот на Mozzart.

Од почетокот па до денес, Кузманова изработи над 45 перики. За изработка на една перика потребен е 21 до 31 ден. Периките се од природна коса, а сите оние кои сакаат да донираат коса за нивна изработка, може да ја контрактираат Сашка Кузманова на нејзиниот Фејсбук профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…