Дома Фудбал Морезмо: Нема да има нов Ѓоковиќ, нов Надал, ниту нов Федерер

Морезмо: Нема да има нов Ѓоковиќ, нов Надал, ниту нов Федерер

Ролан Гарос се подготвува за официјално простување од Рафаел Надал кој минатата есен се повлече од тенисот. Рекордерот со 14 освоени Купови пред една година уште не беше подготвен за дефинитивно збогување, но неколку месеци подоцна дојде до уверување дека неговата кариера заврши.

Амели Морезмо, некогашниот број 1, а сега директор на парискиот гренд слем, на прашањето на „ТНТ спорт“ – дали Карлос Алкараз ќе биде новиот Надал – категорично одговара:


– Никогаш нема да има нов Рафа, како ни нов Новак или нов Роџер.

Секако, тоа не значи дека 22-годишниот Шпанец нема да има врвна кариера.

– Алкараз е еден од младите играчи кој веќе демонстрираше неверојатни способности на теренот, фантастичен дух и ментална сила. Плус, тој е многу физички силен. За своите години веќе има освоено многу гренд слемови – Французинката го пофали бранителот на титулата на Гарос, истакнувајќи ги неговите дури четири најголеми трофеи.

Но, тоа не значи дека веќе има загарантирана улога како наследник на големата тројка.

– Сите сакаме да видиме некој кој по оваа одлична генерација на тројца големи шампиони ќе може да го следи нивниот пат и да освои 20 или повеќе гренд слемови. Можат ли Карлос и Јаник да го направат тоа? Кој може да ги наследи? Можеби никој, бидејќи тоа е многу тешко. Во секој случај, сите сакаме да видиме кој е способен за тоа.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светскиот шампион од 75 милиони евра најде дом во Мадрид, потпишува за Реал!

Во Мадрид, започнува нова ера, со новиот тренер Хаби Алонсо и забележливо променет состав …