Голема промена во нападот се случува во Милан, бидејќи клубот одлучи во продолжението на сезоната да влезе без Алваро Мората, а на негово место да донесе значително поскап наследник.
Алваро Мората летово како капитен на европскиот првак Шпанија пристигна во Милан. Но, не само што неговите настапи не беа импресивни, туку во поединечни натпревари во стартната постава го заменуваше “заборавениот” Тами Абрахам.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Россонерите не беа задоволни од неговите услуги, па во тишина речиси го продадоа во Турција.
Како што пренесува угледниот Фабрицио Романо, Алваро Мората е на прагот на трансфер во Галатасарај и наскоро може да стигне потврда за финализација на трансферот. Романо додава дека преговорите се во завршна фаза.
🚨🔴🟡 EXCLUSIVE: Galatasaray are in advanced talks to sign Álvaro Morata from AC Milan!
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2025
Talks underway to get the deal done soon, all parties ready to get it sealed in the next hours.
💣🇹🇷 pic.twitter.com/4bkgrk7G7V
Во Милан конечно треба да пристигне Сантиаго Гименез од Феенорд. Прецизниот напаѓач, кој блеска во тимот од Ротердам, го договори трансферот во Милан, но Феенорд сè “закочи” за само пет милиони евра.
Милан прво понуди 30 милиони, а потоа 35, но Феенорд не сака да го пушти нивниот најдобар играч под 40 милиони. Со решавање на ситуацијата со Мората, Милан ќе добие дополнителни милиони и така веројатно ќе “покрие” недостаток во барањата на холандскиот клуб.
Milan seek assurances on Gimenez’s injury before making €37-38m bid.
— SPOXMILAN (@spoxmilan) January 30, 2025
AC Milan’s plans have not changed regarding their desire to sign a striker this month despite the defeat to Dinamo Zagreb, a report claims.#ACMilan#SempreMilan pic.twitter.com/8TGlOen1pN
Гименез, репрезентативец на Мексико, отсекогаш посакува да игра во Милан, а можноста за реализација на трансферот ја придонесоа одличните односи на челниците на Россонерите на чело со Златан Ибрахимовиќ и менаџерката на мексиканскиот напаѓач Рафаела Пимента.
Овој 23-годишен централниот напаѓач во 73 натпревари во дресот на Феенорд постигна 45 голови, а особено блескаво игра во Лигата на шампионите каде оваа сезона успева да го сруши и големиот Бајерн, со вкупно пет постигнати голови.