Дома Фудбал Модриќ подготвува терен за пензија – вложи 22 милиони евра

Модриќ подготвува терен за пензија – вложи 22 милиони евра

Дека полека се подготвува за фудбалска пензија покажуваат и новите вести од Шпанија. Модриќ сè повеќе вложува во семејната фирма „Модриќ Фемили СЛ“ која ја основал во 2020 година во Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат медиумите, Модриќ неодамна инвестирал дури 22,16 милиони евра во оваа фирма.

Компанијата е регистрирана во Трговскиот регистар во Мадрид, а нејзината примарна дејност е купопродажба и изградба на недвижности.

Според достапните јавни информации, годишниот промет на „Модриќ Фемили СЛ“ е помал од два милиони евра. По докапитализацијата, вкупниот капитал на компанијата изнесува 38,6 милиони евра.

Лука е единствениот сопственик на компанијата „Модриќ“, чие правно претставување го врши неговата сопруга Вања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал започна преговори за Гимараеш, но доби прво “не”

Арсенал воспостави официјален контакт со Њукасл за можен трансфер на Бруно Гимараеш. Како …