Дома Фудбал Италија Moнца е последниот патник во Серија А!

Moнца е последниот патник во Серија А!

Moнца е последниот тим од Серија Б што се пласираше во италијанската елита откако во вчерашниот реванш од плеј-офот славеше против Пиза со 3:4 после продолженија.

Домаќините победија со 3:2 во регуларниот дел, па натпреварот отиде во продолженија бидејќи првиот меч Монца го доби со 2:1. Во Италија исто како и во УЕФА натпреварувањата не важи правилото „гол во гости“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Монца во продолженијата постигна два гола и така обезбеди место помеѓу најдобрите во Италија. Сигурно дека во наредната сезона ќе биде интересно да се гледа тимот предводен од Берлускони и Галијани во Серија А.

За Монца ова ќе биде првпат да се натпреварува во Серија А, претходно место обезбедија Лече и Кремонезе..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го распродаде „Камп Ноу“, ама за – тренинг!

Одушевувањето од враќањето дома предизвика стадионот да биде исполнет со капацитет од 23.0…