Дома Македонски спорт Мак баскет Moжен проблем пред Естонија: Двајцата супер таленти имаат мали проблеми!

Moжен проблем пред Естонија: Двајцата супер таленти имаат мали проблеми!

Пред натпреварот со Естонија во нашиот тим има и мали проблеми со повредите, меѓутоа Тодоров порача дека не се сериозни.

Андреј Јакимовски е еден дебитант од кој многу се очекува. Меѓутоа пред Естонија тој има проблем со вирус.

„Анјдреј Јакимовски имаше температура и утрово беше на инфузија. Тој е еден од дебитантите од кој многу се очекува. Ќе го имам во ростерот, за Естонија не знам дали ќе настапи, но за Русија би требало да биде спремен“.

Селекторот откри дека двајца играчи вчера заработиле повреда на тренингот, а еден од оние кои бил повреден е Ненад Димитријевиќ кој треба да биде еден од лидерите.

„Нено е еден од плејмејкерите кои се повреди на вчерашниот тренинг. Денес треба да има преглед, нашиот тим претпоставува дека нема поголем проблем. Самиот Нено ми кажа дека утре сигурно ќе биде спремен“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВМЕ: Легендарни моменти од македонскиот спорт (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро…