Дома Македонски спорт Мак баскет Македонецот Јакимовски му држеше лекции на синот на Леброн!

Македонецот Јакимовски му држеше лекции на синот на Леброн!

Тимот на Вашингтон Стејт каде што настапува Андреј Јакимовски славеше нова победа во НЦАА лига, овој пат против Универзитет Јужна Калифорнија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму Јакимовски беше еден од најзаслужните за победата против тимот каде штоо настапува синот на Леброн Џејмс. Јакимовски натпреварот го заврши со 18 поени како најефикасен во својот тим, постигна четири тројки, а додаде и уште пет скока.

Брони, синот на Леброн помина 12 минути на паркетот и постигна само два поени, додавајќи и четири лични грешки. Две од тие лични грешки ги направи врз Јакимовски кој преку него погоди и една тројка.

За Вашингтон ова беше 22-ра победа и така продолжи да ја следи Аризона во битката за врвот во Конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…