Дома Фудбал Останато Многу емоции: Американец освои медал, па го посвети на починатите родители (Видео)

Многу емоции: Американец освои медал, па го посвети на починатите родители (Видео)

Американскиот уметнички лизгач Максим Наумов го создаде еден од најемоционалните моменти на Зимските олимписки игри во Милано. Во својот прв настап оддаде почит на неговите родители кои трагично загинаа во авионска несреќа пред една година, и со прекрасниот настап во кратката програма си обезбеди пласман во финалето.

Иако не беше меѓу фаворитите за медал, Наумов на ледената арена во Милано изведе едно од најдобрите лизгања во својата кариера. Неговиот настап му донесе 85.65 поени и пласман во финалето. Кога заврши, преплавен со емоции, се спушти на мразот, погледна кон небото и порача:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Погледнете што направивме”. Додека ги чекаше оценките од судиите, во рацете држеше фотографија од детството на која со своите родители ги прави првите чекори во лизгањето. Подоцна на новинарите им ги откри своите емоции. “Не знаев дали да плачам, да се смеам или само да се насмевнувам. Сè што можев беше да погледнам кон нив. Човече, сè уште не можам да поверувам што се случи”, раскажа тој.

Родителите на Максим Наумов, и самите поранешни светски шампиони во уметничко клизање Јевгенија Шишкова и Вадим Наумов, беа меѓу 67 жртви во страшната авионска несреќа на 29 јануари минатата година. Трагедијата дојде кога патнички авион на Американ Ерлајнс при слетување во Вашингтон се судри со воен хеликоптер и падна во замрзнатата река Потомац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Словенечка легенда шокирана од сместувањето на ЗОИ, објави И фотографија: Сместени сме во штала и јадеме леб и салама! (Фото)

Трикратниот олимписки медалист го заврши натпреварувањето во паралелниот слалом порано од …