Дома Фудбал Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Арсенал обезбеди, како што изгледа, клучен чекор кон титулата со победата над Евертон (2:0), по што Манчестер сити забележа кикс против Вест Хем (1:1). Додека гласините за титулата на Премиер лигата на Арсенал стануваат се погласни, истовремено се зборува и за нивниот нов сензационален талент, Макс Дауман.

Со само 16 години и 73 дена, Дауман е најмладиот стрелец не само во историјата на „Топчиите“, туку и во целокупната историја на Премиер лигата. Младиот талент го сруши рекордот на Џејмс Вон кој во 2005 година постигна гол со 16 години и 270 дена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неговото влијание на важниот натпревар беше одлучувачко – во 89-тата минута прецизно асистираше со центаршут за голот на резервистот Виктор Ѓокереш, а потоа сам го запечати домашниот триумф со историски погодок по истрчани 50 метри, ставајќи двајца чувари на теренот на колена.

Арсенал сега има девет бодови повеќе од Манчестер сити, но и меч повеќе, а тимот е во извонредно расположение. Екипата на Пеп Гвардиола се соочува со потешкотии, како и „Топчиите“, но секогаш успеваат да извојуваат победа. Дали ќе им успее и да ја освојат титулата?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ …