
Како што пренесуваат италијанските медиуми, голманот на Рома Миле Свилар, кој оваа сезона брани фантастично, е на мета на Интер.
Нераѕурите бараат замена за Зомер, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Џузепе Меаца. Се споменуваше Викарио од Тотенхем, но сега во преден план излезе голманот на римската „вучица“.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Свилар има договор со Рома до 2030 година, а во Рим дојде од Бенфика потполно бесплатно.
Неговата актуелна цена на пазарот е 35 милиони евра.