
Милан лесно ги помина 1/16-финалите во турнирот за Купот на Италија. “Росонерите” го совладаа Лече со 3:0 на “Џузепе Меаца” и во наредната фаза на турнирот ќе играат против Лацио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Головите ги постигнаа Сантиаго Хименес во 21-та минута, Кристофер Нкунку во 51-та и Кристијан Пулишиќ во 64-та минута. За Нкунку, ова беше негов прв гол за италијанскиот гигант.
Пред полувремето, Џамил Зиберт од гостите доби црвен картон, што ја направи задачата на неговите соиграчи невозможна. Лече загуби по втор пат оваа сезона од Милан, откако пред неколку недели исто така беше поразен со 0:2 на “Виа дел Маре” во натпревар од Серија “А”.