
Угледниот “Газета дело Спорт” наведува дека челниците на Росонерите веќе идентификувале неколку потенцијални решенија за одбранбената линија.
Како една од главните мети се истакнува Ким Мин-Џе, стоперот на Баерн од Минхен.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Јужнокорејскиот репрезентативец зад себе има богато искуство во играње на највисоко ниво, а на италијанската јавност добро му е познат уште од периодот поминат во Наполи.
Токму во Серија А, Ким остави силен впечаток, што дополнително го зголемува интересот на Милан да го врати на италијанскиот терен.
Сепак, евентуалниот договор со Баерн Минхен не би бил воопшто лесен, имајќи ги предвид финансиските барања.
Освен Ким, Милан разгледува и друга опција, а тоа е Луиз Фелипе, стоперот на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
Луиз Фелипе се профилираше како сигурен дефанзивец, познат по цврстината, добрата поставеност и способноста за играње од задната линија.
Неговото име сè почесто се поврзува со враќање во италијанскиот фудбал, каде што веќе настапуваше и остави солидна трага.