
Милан значително ја зголеми понудата за црногорскиот фудбалер на Партизан, Андреј Костич, пишува изданието sportissimo.republika.rs.
Српскиот клуб категорично го отфрлил предлогот да го продаде младиот напаѓач за 5 милиони евра – сумата што беше понудена од “росонерите” претходно оваа зима, но преговорите продолжуваат.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
До денес, понудата на гигантот од Милано изнесува 8 милиони евра. Партизан го привлече Костич летово од Будучност за 1 милион евра и ќе се обиде да ја поврати инвестицијата колку што може повеќе, а покрај тоа, 20% од следната продажба на фудбалерот ќе припаднат на клубот од Подгорица.
19-годишниот Костич има во договорот откупна клаузула во вредност од 20 милиони евра, а неодамна италијанските медиуми објавија дека “гробарите” може да се согласат на понуда од 12 милиони.