
Предраг Мијатовиќ, најистакнат член на привремената управа на ФК Партизан и поранешен спортски директор на Реал Мадрид, умерен оптимист е пред дуелите на „кралскиот“ клуб со Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Првиот натпревар се игра вечерва од 21 часот во Лондон, реваншот е за осум дена во Мадрид, а Мијатовиќ го пофали Арсенал на познатото шпанско радио „Кадена СЕР“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Натпреварот со Арсенал ме загрижува од една проста причина. Арсенал е ‘полесна’ верзија на Манчестер Сити на врвот. Но, тие се тим кој добро игра и незгоден е. Покрај тоа, тие се тим кој нема што да загуби, а може да добие сè. Особено ме загрижува првиот натпревар во Лондон. Арсенал ќе ја игра својата игра, а тоа е опасна игра“, изјави човекот кој со својот гол во финалето во 1998 година против Јувентус му ја донесе на Реал титулата европски првак која се чекаше 32 години.
Реал викендов сензационално загуби од Валенсија на својот стадион со 1:2, па во финишот на сезоната во домашното првенство влегува со четири бода помалку од водечката Барселона.
„Реал е клуб што има способност да ги заборави сите проблеми што ги имаше во Ла Лига и да се концентрира на Лигата на шампионите. Имаше натпревари во кои изгледаше навистина добро“, истакна Мијатовиќ.
Фото: Принтскрин/Јутјуб