Дома Фудбал Меси за две минути го реши мечот, а потоа имаше порака за Ѓоковиќ (Видео)

Меси за две минути го реши мечот, а потоа имаше порака за Ѓоковиќ (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами ја совладаа Филаделфија Унион на својот терен со резултат 2:1.

Двете водечки екипи на табелата на Источната конференција ги вкрстија копјата, но Интер влезе во мечот како голем фаворит. Затоа што Филаделфија не е екипа која беше предвидена за некаква трка на врвот, меѓутоа, одлично ја отворија сезоната со три врзани победи. Не беа далеку од изненадување на „Чејс стадионот“, но секоја надеж им ја уништи Лео Меси.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Откако Роберт Тејлор го доведе Интер во водство во 23. минута, Аргентинецот кој влезе во 55. само две минути подоцна даде гол и го води домаќинот два чекора пред својот противник. Тој погодок, Лео Меси го прослави имитирајќи тениско удирање посветувајќи го на Новак Ѓоковиќ со кого се сретна во петок вечер кога го гледаше неговиот полуфинален дуел на мастерсот во Мајами против Григор Димитров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Какво лудило: Турците оставија над пет милиони коментари на објавата на Санчо!

Англискиот офанзивец Џејдон Санчо (25) веројатно немаше поим дека неговата објава од 24 ју…