Дома Фудбал Меси во Мајами го запозна човекот по кого го добил своето име Леонел: Мајка ми ќе биде пресреќна

Меси во Мајами го запозна човекот по кого го добил своето име Леонел: Мајка ми ќе биде пресреќна

Лионел Меси не крие дека ужива во животот во Соединетите Американски Држави и речиси секојден има можност да запознае ѕвезди од различни области.

Пред речиси две години, Меси реши да го напушти ПСЖ и неочекувано ја продолжи кариерата во Америка каде што потпиша за Интер Мајами.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Одењето во Америка за него и неговото семејство беше одличен избор затоа што успеаја колку-толку да се повлечат од јавноста.

Меси со години беше „под лупа“ додека играше во Европа, а иако е еден од најпопуларните спортисти во светот, тој успеа да најде мир во Мајами и самиот призна дека е изненаден од тоа.

Освен на натпреварите во дресот на Интер, искусниот Аргентинец често е во центарот на вниманието затоа што има можност во Америка да запознае разни познати личности.

Многу актери, пејачи, бизнисмени и останати спортисти ја користат можноста да дојдат во Мајами за да го видат Меси на дело и да го запознаат.

Овој пат на натпреварот на Интер присуствуваше легендарниот пејач Леонел Ричи, по кого Меси го добил своето име.

„Кога Лионел го запознава Лионел. Неговата мајка му го дала името по мене и еве сега сме заедно. Прекрасно е што те запознав по сите овие години“, порача американскиот пејач.

Фото: Интер Мајами/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…