Дома Фудбал Meси убедливо на врвот: Ова се најплатените фудбалери во МЛС лигата

Meси убедливо на врвот: Ова се најплатените фудбалери во МЛС лигата

Асоцијацијата на играчи од МЛС објави информации за платите на сите играчи со активни договори до мај 2025 година, со Лионел Меси на врвот на листата.

Напаѓачот на Интер Мајами, кој сега има 38 години, за втор пат повторно да го задржи лидерското место. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација изнесува 12 милиони долари, а неговата вкупна загарантирана компензација достигнува 20,4 милиони долари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Овие суми го опфаќаат основниот договор како и бонусите и други надоместоци за време на траењето на договорот. Меси е на чело во двете категории, на значително растојание од другите ѕвезди во лигата.

Втор најплатен играч во МЛС е Лоренцо Инсиње (Торонто) со 15,4 милиони долари и е единствениот покрај Меси кој заработува над 10 милиони годишно по сезона.

Меѓу првите десет се и: Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8, Мигел Алмирон (Атланта) – 7,9, Ирвин Лозано (Сан Диего) – 7,6, Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3, Емел Форсберг (Њујорк Ред Бул) – 6,03, Жорди Алба (Интер Мајами) – 6, Рики Пуч (Лос Анџелес Галакси) – 5,8 и Жонатан Бамба (Чикаго) – 5,6.

Покрај неговата доминација на теренот, Меси носи и огромно влијание во маркетингот. Интер Мајами, благодарение на неговото доаѓање, оствари значителен раст во вредноста, гледаноста и продажбата на дресовите.

Фото: Inter Miami CF/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…