Дома Фудбал Меси се врати на терен и веднаш постигна гол за Интер Мајами (Видео)

Меси се врати на терен и веднаш постигна гол за Интер Мајами (Видео)

Лионел Меси се врати на теренот во дресот на Интер Мајами и веднаш се запиша во листата на стрелците, помагајќи му на својот тим да ја потврди победата во реваншот против Кавалиер во рамките на КОНКАКАФ Купот на шампиони.

Американскиот клуб гостуваше во Јамајка и извојува важен триумф од 0:2, со што обезбеди пласман во следната фаза на натпреварувањето. Натпреварот се одигра во главниот град Кингстон, а Меси влезе во игра во второто полувреме, заменувајќи го Луис Суарез.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неговиот камбек беше крунисан со гол во 92. минута, со што го постави конечниот резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…