Лионел Меси веќе години е далеку од Барселона, но засекогаш ќе биде поврзуван со овој клуб. За многумина најдобриот играч на сите времиња пристигна во Барса во 2000 година, дебитираше во 2004 и пред да замине во 2021 собра 778 натпревари, 672 голови и 303 асистенции. Рекордер во многу категории и рекордер на клубот со 34 освоени трофеи.
По две години во Париз Сен Жермен, а потоа и година во Интер Мајами, Меси во интервјуа сè уште добива многу прашања за Барселона. Едно од нив при неодамнешна појава во рамки на спонзорски обврски, беше за иднината на каталонскиот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Би сакал Барселона пак да ја освои Ла Лига, Купот на кралот и Лигата на шампионите. Во години кога тоа не е можно, би сакал барем да се бори до крај”, кажа Меси, па одговори и на прашање за играчот кој често го споредуваат со него.
“Барселона има многу добра генерација млади играчи. Пред нив се години на играње. Многумина го истакнуваат Ламине Јамал, така ќе направам и јас. Секако, многу зависи од него, но би рекол дека е сегашноста и убава иднина на клубот.”
Јамал (17) стана професионалец минатата година и во штотуку започнатата кариера веќе има титула европски шампион со Шпанија и шпански шампион со Барселона. За клубот одигра 71 натпревар со учинок од 13 голови и 21 асистенција.