Дома Фудбал Меси го даде најинтимно интервју во кариерата: Аргентинецот откри што сака да прави кога ќе се пензионира

Меси го даде најинтимно интервју во кариерата: Аргентинецот откри што сака да прави кога ќе се пензионира

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, во неодамнешното интервју ја покажа својата поинтимна страна и разговараше за плановите за иднината по завршувањето на играчката кариера.

Гостувајќи на аргентинскиот стриминг канал Luz TV, Меси откри некои од своите особености и каков е надвор од теренот. „Понекогаш сум чуден. Навистина сакам да бидам сам, уживам во самотијата“, призна аргентинскиот капитен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај лични детали, Меси во истото интервју говореше и за својата иднина откако ќе ги закачи копачките на клин. Капитенот на Интер Мајами јасно стави до знаење дека не се гледа како тренер, туку многу повеќе го привлекува идејата за сопственост на клуб.

„Не се гледам како тренер“, изјави тој. „Ми се допаѓа идејата да бидам менаџер, но повеќе би сакал да бидам сопственик. Би сакал да имам свој клуб, да започнам од нула и да го развивам. Да можам на децата да им пружам можност да се развиваат и да постигнат нешто важно. Ако би требало да изберам, тоа би ме привлекло најмногу.“

Иако неодамна го продолжи договорот со Интер Мајами до крајот на МЛС сезоната 2028, Меси веќе започна да ги остварува своите сопственички амбиции. Се здружи со долгогодишниот соиграч и пријател Луис Суарес и заедно го основаа уругвајскиот четвртолигашки клуб Депортиво ЛСМ. Инициалите на клубот, кој веќе брои 80 вработени и 3.000 членови, ги означуваат нивните имиња – Луис Суарес и Меси.

„Депортиво ЛСМ е семеен сон кој започна во 2018. Растевме многу со повеќе од 3.000 членови“, рече Суарес, кој прв го започна проектот. „Сакам на уругвајскиот фудбал, местото кое го сакам и каде растев, да понудам можности и алати за развој на тинејџерите и децата.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудна ситуација во Рим, Лацио купи српски репрезентативец, а Сари – ништо не знае за него!

По завршувањето на трансферот, Петар Ратков го официјализираше својот трансфер од Салцбург…