Дома Фудбал Мареска отпиша уште еден фудбалер, Арсенал е на потег

Мареска отпиша уште еден фудбалер, Арсенал е на потег

Нони Мадуеке по сите шпекулации најверојатно ќе биде уште еден играч што би можел да го напушти Челси ова лето. 

Челси досега има подготвено бројни промени во нападот, бидејќи не го откупи Џејдон Санчо, па потоа го донесе Џејми Гитенс, Жоао Педро и Лиам Делап, но сега следуваат нови промени.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Енцо Мареска по победата над Палмеирас и пласманот во полуфиналето на СП, испрати јасна порака на прашањето за статусот на Мадуеке.

“Сакам играчи кои се среќни што се со нас, а оние кои не се задоволни, можат да си одат”, изјави Мереска алудирајќи на гласините за Мадуеке.

Инаку, се шпекулира дека Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу него и дека тој е опција доколку Реал Мадрид одбие да го продаде Родриго.

Бразилецот е најголема желба на Микел Артета, но не е лесна мета, бидејќи Реал Мадрид бара минимум 90 милиони евра за неговиот трансфер.

Родриго падна во втор план кај Чаби Алонсо и наводно добил порака од клубот дека може да си замине ако Реал добие адекватна понуда.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …