Дома Фудбал Mегваер самиот си се пофали: Јас сум еден од најдобрите во светот!

Mегваер самиот си се пофали: Јас сум еден од најдобрите во светот!

Хари Мегваер неодамна го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед за уште една година. Англискиот клуб во вторникот објави дека 33-годишниот дефанзивец потпишал нова соработка, што ги растера сите сомнежи околу неговата иднина затоа што претходниот договор му истекуваше на крајот од оваа сезона. Сега Мегваер е поврзан со клубот до летото 2027 година, со можност за дополнително продолжување уште една сезона.

Во септември 2023 година, кога дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, беше на, како што самиот признава, најниската точка од неговата кариера, критикуван и навредуван за време на настапот за Англија против Шкотска, неговата мајка Зои се огласи на социјалните мрежи. Односот кон нејзиниот син го нарече „срамно и неприфатливо“, а Мегваер денес тоа го спомнува со насмевка, пишува BBC Sport.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Не сакав таа да го направи тоа, но само рече: ‘Јас ќе го направам тоа! Не те слушам!'”, раскажа Магваер пред новинарите во тренинг кампот на клубот во Ирска. “Мислам дека ваквите работи најмногу ги погодуваат семејствата. Гледаат низ што поминавме и колку беше тешко. Тоа веројатно беше најтешката точка, но тоа е дел од патот. Не би менувал ништо низ што сум поминал. Дефинитивно ме направи посилен и ме донесе тука каде што сум сега.”

Сепак, 33-годишниот Мегваер смета дека во шест од своите седум сезони на Олд Трафорд одиграл “навистина добро”. “И натаму верувам, дури и на моите години, дека сум еден од најдобрите дефанзивци во светот во двете шеснаесетници”, изјави тој. “Мислам дека тоа не е спорно; можам да бидам многу ефикасен на краевите на натпреварите, без разлика дали ја браниме предноста или се обидуваме да го промениме резултатот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Марка“: Ѕвездата на Реал Мадрид го допре дното

Дани Карвахал поминува низ многу комплицирани недели во Реал. Тоа се мрачни денови во кои …