Дома Фудбал Мегваер може да си замине: Манчестер јунајтед добил две понуди!

Мегваер може да си замине: Манчестер јунајтед добил две понуди!

Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер (32), кого тренерот Рубен Аморим го вклучува во тимот само кога нема друга опција, би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Британските медиуми пренесуваат дека на Олд Трафорд пристигнале понуди од Ал Ахли и Ал Наср, за кој играат Роналдо и Брозовиќ. Двата клуба нудат обештетување од 15 милиони евра, што се смета за великодушни понуди со оглед на тоа што Мегваер има мала минутажа во Јунајтед и е во последната година од договорот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мегваер пристигна во Манчестер Јунајтед во 2019 година од Лестер за трансфер вреден 87 милиони евра, што го направи најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. За репрезентацијата на Англија има одиграно 64 натпревари и постигнато седум голови. Сепак, долго време не е во плановите на англискиот селектор, последен пат го облече дресот на Гордиот Албион во март минатата година на пријателскиот натпревар против Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо на жесток удар, играчите на Реал не сакаат тоа да го трпат – откриен е голем проблем од соблекувалната

Иако Реал Мадрид добро игра во новата сезона под водство на Чаби Алонсо, медиумите во Шпан…