Дома Фудбал Меч каков што не се гледа секој ден: Челси беше пред лесна победа до 87 минута, а потоа… (Видео)

Меч каков што не се гледа секој ден: Челси беше пред лесна победа до 87 минута, а потоа… (Видео)

Фудбалерите на Челси се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.

„Сините“ во осминафиналниот натпревар во Шарлот ја победија Бенфика со резултат 4:1 по продолженија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Овој натпревар сепак најмногу ќе се памети по прекинот во 87. минута поради невреме околу Шарлот, додека во градот дожд не паднал. Челси водеше со 1:0 и себеси веќе се виде во наредната фаза, играта продолжи по два часа, Бенфика од никаде израмни, се отиде во продолженија, а таму клубот од Лондон се „ресетираше“ и до врв ја наполни мрежата на противникот.

Тука има многу материјал за бројни критичари на ова натпреварување кое е на некој начин и на сила наметнато од страна на ФИФА.

Челси ќе се бори за место во полуфиналето со Палмеирас, кој претходно вечерва го победи Ботафого со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар со гол од пенал во 97. минута ја урна храбрата Брера (Видео)

Фудбалерите на Брера, одиграа одличен натпревар на гости кај Вардар во Скопје, но на крајо…