Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси повторно се поврзуваше со враќање во Барселона, но тоа нема да се случи, иако му следи пауза во МЛС-лигата.
Меси имаше одличен старт во Интер Мајами, но клубот без Аргентинецот не успеа да освои доволно бодови и да се пласира во плејофот на лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова значи дека Меси ќе паузира неколку месеци, па се шпекулираше дека ќе се врати во Каталонија, каде што помина најголем дел од кариерата.
Такво нешто, сепак, нема да се случи затоа што Меси сака да ја искористи паузата во лигата за да се рехабилитира од повредите.