Најновите вести од кампот на Аргетнина веројатно се загрижувачки за Каталонците.
Имено, Лионел Меси денес не беше состојба да тренира, во кампот на репрезентацијата пристигна со повреда на мускулот и прашање е дали ќе биде спремен за настап против Шпанија во вторник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси натпреравот кој Аргентина го доби со 2:0 против селекцијата на Италија го преседе на клупата за резерви, а после натпреварот откри дека веќе некое време чуствува болки.
Каталонските медиуми оваа вест ја пренесуваат со загрижувачки наслови. Стравуваат од влошување на повредата во периодот кога Барселона ја очекуваат важни натпревари во Лигата на шампионите.
„Веќе некое време играм со болки, но не сакам да ги пропуштам натпреварите за репрезентацијата. Се надевам дека ќе бидам спремен за вторник“, изјави Меси.
Аргентина и Шпанија својот натпревар го играат во вторник во 21:30 часот на „Ванда Метрополитано“, а судејќи според се Меси натпреварот ќе го стартува од клупата за резерви.