Дома Останати Кошарка НБА Meмфис и без Морант го победи Голден Стејт за да остане во живот, Бостон пред елиминација од Милвоки 🎥

Meмфис и без Морант го победи Голден Стејт за да остане во живот, Бостон пред елиминација од Милвоки 🎥

Мемфис на свој терен успеа да слави против Голден Стејт со 134:95 и со тоа намали на 3:2 во серијата од полуфиналето на Западната конференција.

До победата Мемфис беше предводен од Дезмонд Бејн, Џарен Џексон Јуниор и Тајс Џонс кои постигнаа по 21 поен. Треба да се спомне дека до триумфот Мемфис дојде без помошта на повредениот Џа Морант. Најефикасен кај Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 19 поени.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милвоки на гости го победи Бостон и дојде до водство од 3.2 на Истокот. И одново најрасположен кај Милвоки беше Јанис Антетокумпо кој оствари дабл-дабл учинок од 40 поени и 11 скокови. Џру Холидеј стигна до учинок од 24 поени и уште осум асистенции и исто толку скокови.

Џејсон Татум во редовите на поразениот тим постигна 34 поени и запиша уште шест скока и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…