Лионел Меси летово мораше да ја напушти Барселона откако Каталонците не можеа да му понудат продолжување на договорот.
Меси имаше намера да го продолкжи договорот со Барселона кога се врати од одморот, но остана изненаден откако Лапорта му соопштил дека тоа нема да биде можно поради финансиската ситуација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона поради големата финансиска криза не можеше на Меси да му понуди продолжување на соработката поради што Аргентинецот беше принуден да си замине. Кариерата Меси се реши да ја продолжи во ПСЖ кој му понуди двегодишен договор. Во Париз се уште не му оди баш најдобро.
„Би сакал да се вратам во Барселона како член на управата. Секогаш зборував дека сакам да помогнам на клубот на секој можен начин. Сакам да и помогнам на Барселона. Тоа е клуб кој искрено го сакам и на кој му посакувам се најдобро“.
Призна Меси и дека никој од него не барал да игра бесплатно.
„Никој во Барса не бараше од мене да играм бесплатно. Целта ми е до крајот на кариерата да освојам уште една Лига на шампиони и се надевам дека тоа ќе се случи“, додаде Аргентинецот.
Во досегашниот дел од сезоната Меси за ПСЖ одигра осум натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола во Лигата на шампионите, додека во Лига 1 се уште чека на првенецот.