Дома Фудбал Мбапе: Периодот на адаптација заврши, време е да покажам што можам!

Мбапе: Периодот на адаптација заврши, време е да покажам што можам!

Во дербито од првата елиминациона рунда на Лига на шампиони, Реал Мадрид го исфрли Манчестер Сити, а апсолутен херој беше Килијан Мбапе.

Сега изгледаат излишни критиките и омаловажувањата на Французинот од почетокот на сезоната. Вистина, не му одеше со головите, но сега се покажува дека Реал сепак доби големо засилување. Мбапе особено е смртоносен во февруари, период во кој на сите четири натпревари постигна барем по еден гол, вкупно шест.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Реал постигна двојна победа против Манчестер Сити, 3:2 во Манчестер и 3:1 во Мадрид. Во првиот натпревар Мбапе го постигна израмнувачкиот гол за 1:1, а во Мадрид имаше своја вечер со постигнат хет-трик.

– Сакам да ја пишувам историјата на Реал Мадрид. Периодот на адаптација е завршен и сега морам да го покажам својот квалитет. Сакам да ја обележам оваа сезона – рече Мбапе.

Реал во осминафиналето ќе игра или против градскиот ривал Атлетико или Баер Леверкузен, а за Мбапе тоа е само уште една пречка кон конечната цел – одбрана на титулата.

– Сакавме победа, да се пласираме во следната рунда. За нас тоа е единствено логично, Реал треба да продолжи во следната рунда на Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Инзаги: Интер без Зомер

Јан Зомер, првиот голман на Интер, има фрактура на палецот што ќе го држи подалеку од тере…