Дома Фудбал Марка: Арнолд и Реал се договорија

Марка: Арнолд и Реал се договорија

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (26), десниот бек на Ливерпул и на англиската репрезентација, се согласил да се пресели во Реал, открива Марка и додава: „Тој одговори позитивно на понудата што актуелниот шпански и европски шампион му ја испрати на самиот крај на минатата година.

„Откако се договори ТАА, Ливерпул е убеден веднаш да го ослободи“
Пред три недели Ливерпул ја одби понудата на Реал да го ослободи играчот во јануари за мала отштета бидејќи договорот му истекува на лето и се обиде да го убеди да ја продолжи соработката.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Сепак, сега ТАА се согласи да се пресели во Реал, а прашање е само дали тоа ќе биде во тековниот зимски преоден рок или првиот од следниот летен преоден рок.

Марка наведува: „Реал сега го чека вистинскиот момент да го убеди Ливерпул да го пушти играчот да си оди пред крајот на тековниот преоден рок“.

Александер-Арнолд е на мета на Реал Мадрид од почетокот на минатата година. Она што го прави особено привлечен е тоа што неговиот договор со Ливерпул завршува на 30 јуни 2025 година, па директните преговори со него може да започнат веднаш бидејќи има само половина година од договорот со „Црвените“ и фактот дека може да биде доведен во лето без надомест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жезус нема да игра повеќе оваа сезона, Арсенал брзо најде нов напаѓач

Сезоната за бразилскиот фудбалер Габриел Жезус е завршена затоа што ги скина лигаменти на …