Дома Фудбал Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играч на Борусија Дортмунд

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играч на Борусија Дортмунд

Манчестер Јунајтед покажува интерес за 24-годишниот Феликс Нмеча, играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, пренесува германското издание “Билд”. Англискиот клуб е подготвен да плати околу 48 милиони евра за фудбалерот. Прашање е дали финалистот од последното издание на Лигата на шампионите би бил задоволен од таква сума.

Според “Билд”, можноста за неучество на “жолто-црните” во Лигата на шампионите во следната сезона може да го натера клубот да направи некои продажби, од кое би можел да профитира 20-кратниот шампион на Англија.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Нмеча, кој моментално се опоравува од повреда, веќе не чувствува болки, но следниот натпревар на Борусија – против Мајнц на 30 март, доаѓа премногу рано за да може да биде вклучен во играта.

Се очекува германскиот репрезентативец да се врати на теренот во наредните седмици за натпреварите со Фрајбург, Барселона и Баерн (Минхен).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе им ги расипе сметките на клубовите од Премиер лигата.

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…