Дома Фудбал Манчестер сити ќе ја добие „војната“ со Ливерпул за засилување од 50 милиони фунти

Манчестер сити ќе ја добие „војната“ со Ливерпул за засилување од 50 милиони фунти

Ливерпул добива голем удар бидејќи нивните ривали во Премиер лигата, Манчестер Сити, се очекува да ја добијат трката за потписот на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зубименди е поврзуван со клубови од Премиер лигата во изминатата година. Арсенал првично беше спомнуван како најверојатна следна дестинација, сè додека Ливерпул не се вклучи во летото со намера да го купи.

Ливерпул се трудеше да постигне договор со Зубименди, но трансферот пропадна бидејќи фудбалерот одлучи да остане во својот матичен клуб Реал Сосиедад.

„Фудбал Инсајдер“ тврди дека Манчестер Сити „може да го шокира Ливерпул и да договори јануарски трансфер“ со Реал Сосиедад за Зубименди.

Договорот може да биде едноставен без посебни преговори, бидејќи дефанзивниот играч од средината има откупна клаузула од 50 милиони фунти во неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со план да го доведе Кејн

Барселона стапи во контакт со претставниците на Хари Кејн со цел да ги испита можностите з…