Дома Фудбал Манчестер Сити во проблеми: Халанд поради повреда ја заврши сезоната

Манчестер Сити во проблеми: Халанд поради повреда ја заврши сезоната

Завршницата на сезоната во европските натпреварувања е веќе во тек, а Манчестер Сити во истата ќе биде без нивниот главен стрелец – Ерлинг Халанд.

Во неделата Манчестер Сити го совлада Борнмут во четвртфиналето на ФА Купот и на тој начин влезе во самата завршница на ова натпреварување.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ерлинг Халанд постигна гол за израмнување (1:1) во 49. минута, а Омар Мармуш го постигна голот за победа и го постави конечниот резултат од 2:1 на семафорот.

Сепак, само 12 минути по постигнатиот гол – Норвежанецот мораше да го напушти теренот и беше заменет од Нико О’Рајли.

Првичните информации беа дека не е сериозна повреда и дека центарфорот ќе може брзо да се врати на зелениот терен.

Сепак, најновите вести велат поинаку. Англиските медиуми сега пренесуваат дека сезоната е завршена за Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен доби жестоки навреди од навивачите на Наполи (Фото)

Во сенка на шпекулациите за неговиот можен трансфер во Галатасарај, нигерискиот напаѓач Ви…