
Манчестер Сити влегува во период на значителни кадровски промени. Клубот од Етихад активно работи на обновување на тимот, а тренерот Пеп Гвардиола е соочен со неопходноста од адаптација за да ги запре негативните трендови во резултатите. Иако за време на зимскиот трансфер период оваа сезона клубот потроши 212 милиони евра за доведување на четворица играчи, промените што ги спроведува Гвардиола сè уште не се завршени.
Во контекст на најавеното заминување на Кевин Де Брујне, кој се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на клубот, спортскиот сектор на Манчестер Сити, предводен од Уго Вијана и Чики Бегиристаин, го идентификуваше потенцијалниот наследник – Флориан Вирц.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Според пишувањето на британскиот весник Мирор, англискиот шампион покажува интерес за 21-годишниот германски репрезентативец и играч на Баер Леверкузен. Наводно, Сити е подготвен да понуди 117,5 милиони евра (100 милиони фунти) за неговиот трансфер. Истотака се споменува можноста клубот да му понуди долгорочен договор и значајна плата. Вирц моментално е под договор со Баер до летото 2027 година.
Баер Леверкузен во моментов не планира да го продаде Вирц и сака да го задржи, но фактот што досега не го продолжил договорот отвора простор за различни сценарија. Ако одлучи да замине, клубот ќе бара многу висока отштета. Во случај на сериозен интерес од повеќе клубови, се очекува дека неговата пазарна вредност би можела значително да порасне.
Падот на формата на Баер Леверкузен за време на оваа сезона не влијаеше значително врз индивидуалната статистика на Вирц. И покрај повредата на лигаментите во пределот на зглобот, тој одигра 39 натпревари, постигна 15 голови и запиша 13 асистенции.
Фото: Manchester City/FB