
Манчестер Сити сака да го доведе 24-годишниот бразилски напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. Проценетата вредност изнесува околу 87 милиони фунти, односно приближно 102 милиони евра, пишува Фабрицио Романо. Родриго пристигна во Реал во 2019 година од Сантос, игра првенствено на крилни позиции и е стандарден репрезентативец на Бразил. Во кралскиот клуб освои се што можеше.
Шпанските медиуми претходно објавија дека се контактирал со Пеп Гвардиола кој му соопштил дека го гледа како клучен играч во неговата визија за Сити. Интересно е што токму Родриго беше еден од главните херои на епскиот пресврт на Реал против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите 2022 година. Во реваншот на Сантијаго Бернабеу постигна два гола во судиското надополнување, со што Реал го анулираше заостатокот и избори продолженија. Потоа Карим Бензема постигна гол за конечен премин во финалето, кое го освоија Мадридските играчи.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Тие голови му донесоа култен статус меѓу навивачите и ја обележаа една од најдраматичните натпревари во историјата на натпреварувањето. Две години подоцна, Реал повторно отиде до крај, а Родриго повторно блескаше против Сити кога постигна гол во двата натпревари во четвртфиналето.
Фото: Grok Ai