Дома Фудбал Манчестер сити го купи за 118 милиони евра, а сега го испраќа на позајмица зашто не може да го продаде

Манчестер сити го купи за 118 милиони евра, а сега го испраќа на позајмица зашто не може да го продаде

Манчестер сити ја одигра најлошата сезона откако Пеп Гвардиола ги презеде пред девет години. Завршија трети во Премиер лигата, што изгледа утешно ако се земе предвид дека добар дел од сезоната ја поминаа под првите четири позиции. Во Лига купот испаднаа во четвртата рунда, во Лигата на шампионите испаднаа во плејоф рундата, а во финалето на ФА купот ги победи Кристал Палас.

Поради тоа, во овој преоден рок следува реконструкција во соблекувалната. Дојдоа Тијани Рејндерс, Рајан Ејт-Нури и Рајан Черки, а некои се на заминување. Кевин де Брујне си заминува како слободен играч, а на излезната врата е и Џек Грилиш, најскапиот играч во историјата на клубот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Дваесет и деветгодишниот англиски офанзивен играч за врска пристигна во Сити во летото 2021 година од Астон Вила за 118 милиони евра, што го прави далеку најскапиот играч во историјата на клубот. Втор на таа листа е Јошко Гвардиол, кој е платен 30 милиони евра помалку. Грилиш е воедно и деветтиот најскап играч во историјата на фудбалот.

Според британските медиуми, три клуба се истакнуваат како најверојатна идна дестинација за Грилиш. Тоа се Евертон, Њукасл (кој под саудиско водство стана најбогат клуб во светот) и „неговата“ Астон Вила.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшно лето за Атлетико: Потрошија 200 милиони евра на осум засилувања!

Додека сите зборуваат за импресивната сезона на Барселона и револуцијата на Реал Мадрид по…