Дома Фудбал Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Се намачија избраниците на Пеп Гвардиола во натпреварот против третолигашот Лејтон Ориент, но на крајот се радуваа на победа со резултат 1:2.

Први до водство стигнаа домаќините и тоа со гол од половина терен. Шутираше домашниот фудбалер од огромна далечина, а топката од пречката го погоди голманот Ортега во грбот и заврши во мрежата.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Водството на домаќините беше актуелно се до 56. минута кога по ударот на Рико Луис, Хусанов го измени правецот на движење на топката и го измамаи противничкиот чувар на мрежата.

Голот со кој „граѓаните“ стигнаа до победа и следна фаза во ФА Купот го постигна Кевин Де Брујн на десетина минути пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан со два гола му пресуди на Емполи (Видео)

Фудбалерите на Милан славеа со 2-0 против Емполи во рамките на 24. коло од Серија А. Рафае…