
Бразилскиот репрезентативец Матеус Куња од Вулверхемптон е се’ поблиску до преминување во Манчестер Јунајтед, информира италијанскиот трансферен експерт Фабрицио Романо.
Двете страни преговараат неколку недели, сега офанзивниот фудбалер го прифати проектот понуден од “црвените ѓаволи” и го даде своето согласие да премине на “Олд Трафорд”, а моментално двете страни ги финализираат последните детали околу неговите лични услови.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
По тоа се очекува од Манчестер Јунајтед да се договорат за трансферот со Вулверхемптон околу структурата на плаќање. Играчот има ослободителна клаузула од 62 милиони фунти во својот договор, но се очекува од “Олд Трафорд” да се согласат да платат малку повеќе, но со можноста сумата да биде исплатена во неколку рати.
Токму на овој начин беше оформена зделката за Џошуа Зиркзее минатото лето. Холанѓанецот имаше ослободителна клаузула во вредност од 38 милиони фунти, но 20-кратните шампиони се согласија да платат околу 40 милиони со можноста да ја исплатат сумата на рати. Ова донесува помало оптоварување врз буџетот на клубот во однос на финансиски фер-плеј, кој дозволува да се декларираат загуби од само 105 милиони фунти во рок од три години.